Првиот овогодишен семинар наменет за обновување на УИМЛА легитимациите на членовите на МАИВП ќе се одржи на 4 и 5 март 2023 во село Жировница во НП Маврово.
Сместувањето ќе биде во планинарскиот дом Говедарица каде што ќе се изведуваат и теоретските содржини од обуката.

Домот има капацитет од 18 легла, располага со три тоалети и греење во сите простории. Цената за едно ноќевање изнесува 600 денари. Пријавување и резервации за сместувањето може да се направи кај сопственикот на домот Даут Јашари на телефон 078 244 181.

Воедно сакаме да ги потсетиме сите учесници да ја подмират таксата за влез во националниот парк Маврово, а која што може да се подмири и по електронски пат (линк www.npmavrovo.mk/tickets ).

Право на учество на семинарот имаат сите водичи - членови на МАИВП кои ги подмириле своите обврски за членарина тековната и изминатите две години.
Секој учесник е должен да носи комплетна опрема соодветна на временскиот период, условите на планината и програмата за работа.
Дополнителни информации може да се добијат на меилот на МАИВП: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Костантин Циривири,
Претседател на МАИВП