Обуката на професионалните водичи во планина според International Mountain Leader стандардот се изведува во Центарот за образование и научно истражување Планинска Академија Македонија. 

Планинска Академија е регистрирана во 2018 година и се занимава со спроведување обуки и истражувања во областа на спортовите на отворено и планинскиот туризам. Со одлука на извршниот одбор на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина од Јули 2020 година, Планинска Академија ја превзема обуката на кандидатите за водичи во планина според платформата и програмата на меѓународната унија на професионални водичи во планина UIMLA. 

Обуката во Планинска Академија ја спроведуваат водичи во планина кои се носители на UIMLA лиценца кои имаат завршено обука за инструкторска работа со кандидати за  водичи.

За одредени теми кои се надвор од специјалноста на водичите во планина како што се метеорологија, биодиверзитет и животна средина, културно наследство, правни аспекти на туризмот и професијата водич во планина и сл, во обуката се вклучени надворешни соработници кои имаат академско образование и професионално искуство во соодветната дејност. 

Два пати годишно инструкторите во Планинска Академија посетуваат семинар за обновување на својот инструкторски назив и надградба на знаењата со цел обезбедување високо ниво на квалитет на тренажниот процес и создавање организациски капацитет за делување во поширок опсег на активности во планинскиот туризам и планинските  спортови.

Тимот на Планинска Академија Македонија го сочинуваат:

  1. Костантин Циривири, UIMLA водич во планина, дипломиран туризмолог, инструктор по алпинизам и планинско спасување, експерт за рурален туризам и туризам во заштитени подрачја.
  2. Антонио Додевски, UIMLA водич во планина, професионален спасител на планина и инструктор за планинско спасување, експерт за туризам во заштитени подрачја.
  3. Јован Божиноски, UIMLA водич во планина, дипломиран туризмолог, експерт за рурален туризам и туризам во заштитени подрачја.
  4. Драган Илиевски, UIMLA водич во планина, дипломиран геодет и експерт за картографија.
  5. Мартин пејовски, UIMLA водич во планина, дипломиран архитект и експерт за планинска инфраструктура и туризам во заштитени подрачја.
  6. Рубин Николоски, UIMLA водич во планина, дипломиран туризмолог, експерт за рурален туризам.
  7. Ристе Калинов, UIMLA водич во планина, информатичар.
  8. Илија Циривири, UIMLA водич во планина, дипломиран продуцент, доцент на Факултет за драмски уметности, инструктор по алпинизам.
  9. Никола Тренески, UIMLA водич во планина, дипломиран информатичар, експерт за промоција во планински туризам.
  10. Јонче Илиевски, UIMLA водич во планина, планински професионалец.
  11. Григор Жура, UIMLA водич во планина, експерт за културно наследство.
  12. Д-р. Александар Манолев, UIMLA водич во планина, лекар специјалист по интерна медицина.
  13. Д-р. Виктор Бојковски, UIMLA водич во планина, лекар, професионален армиски пилот.
  14. Светлана Циривири, кандидат за UIMLA водич во планина, дипломиран психолог, експерт за туризам на локални заедници.

Mountain Academy MAIML Logo