1. Да бидат способни да придружуваат клиенти и безбедно да водат групи на планина, во летни и зимски услови.
  2. Да бидат спсособни да вршат процена на нивото на подготвеност на клиентите во корелација со тежината на планинската тура.
  3. Да бидат способни да извршат правилно планирање на планинската тура и истата безбедно да ја реализираат придржувајки се до основните принципи за безбедност на планина.
  4. Да знаат правилно да ракуваат со личната и колективната планинарска опрема, како и да ги познаваат принципите за нејзино чување и одржување, и за истото да ги советуваат лицата кои им се доверени на водење во планина.
  5. Да ги познаваат основните принципи на метеорологијата и предвидување на временските прилики.
  6. Да ги познаваат принципите за ориентирање во планина во различни временски прилики и на различен по конфигурација терен.
  7. Да се грижат за планинската инфраструктура.
  8. Да ги запознат учесниците во турата на планина со природните специфики на планинскиот локалитет, како и со културните и историските особености на местата низ кои се движат.
  9. Да бидат способни да укажуваат прва помош во планина.
  10. Да знаат успешно да раководат со групата која што ја водат, вклучувајки и превенција и разрешување на евентуални внатрешни конфликти.
  11. Да ги познаваат основните принципи на работењето во туризмот, како на домашниот пазар така и на меѓународниот.
  12. Да ги познаваат основните нормативи за осигурување и безбедност во туризмот, со акцент на планинскиот туризам.
  13. Да ги познаваат принципите на екологијата и еколошкото делување на планина.
  14. Да ги познаваат принципите и да делуваат во областа на заштитата на природното и културното наследство.