Од 15 до 20 Февруари во Македонија беше спроведена така наречената зимска експертиза од страна на меѓународната унија на професионални водичи во планина - UIMLA. Летната и зимската експертиза се задолжителна обврска за секоја национална организација во процесот на верификација на обраозвната програма и системот за работа. Времето и местото на експертизите беше дефинирано во Април 2017 година за време на состанокот на техничката комисија на UIMLA. Летната експертиза во Македонија беше спроведена во Јуни минатата година кога се изведуваше летниот испит на последната генерација водичи во планина.

Се известуваат сите кандидати кои изразија интерес за учество во обуката за Водичи во планина што ќе ја организира МАИВП во перидот од Јануари до Јуни 2018 година дека ќе бидат контактирани од страна на одговорните во МАИВП и ќе добијат Пријава за учество во обуката.

Пријавата треба да се пополни и скенирана да се прати на меил адресата на МАИВП (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) и на адреса на одговорното лице (Ристе Калинов - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Рокот за доставување на пријавите е 12 Јануари 2018 година.

konkurs uimla 2017Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина објавува конкурс за обука на нови водичи во планина. Програмата за обука ќе се спроведува согласно со платформата за обука и работа на меѓународната организација на професионални водичи во планина - UIMLA.

Обуката ќе започне во Јануари 2018 година и ќе се одвива преку интензивни курсеви до Јуни истата година, за кога е предвидено да се организираат завршните испити.

На 16-ти и 17-ти Декември 2017 - та година во Хотел Спорт, дел од комплексот на хотел Бистра во Н.П.Маврово, а на иницијатива на МАИВП во соработка со Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, се реализира регионална средба на водичите во планина од Македонија, Албанија и Косово.